МАКЕДОНИЈА

Димовски: До каде стигнаа командантите на ДУИ, ве рекетира Боки и ви ‘ржи Зекири

Откако пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми рече дека гледал како позитивно изненадување кога ВМРО-ДПМНЕ ја предложиле Рашела Мизрахи за техничка министерка, но и дека „мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат, додека жена го брани името“, пратеникот Илија Димовски од опозииската партија се јави за контрареплика.

„До кај стигнаа командандите на ДУИ, да ве рекетира Боки 13 и да ви ’ржи Мухамед Зекири“, рече Димовски во контрарепликата.

Седницата за разрешување на техничката министерка продолжува и по полноќ, односно, како што најави собранискиот спикер, Талат Џафери, додека не се поминат точките на дневен ред на седниците за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители, како и седницата која е во тек, а на која меѓу другото, се разгледува и нејзиното разрешување.

Поврзани вести

И општина Центар поднела кривична за катната на „Никофон“

Филипче: Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари

Влатко Зорба

Преку Планот за чист воздух се поддржуваат општините за воведување на поеколошки системи на греење на јавните објекти

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ ја доставува иницијативата за распуштање на Собранието

Александар Тодески

Новинарките Јордановска и Корошевска утре ќе ги пријават случаите во СВР-Скопје

Никола Поповски

Али Ахмети без конкурент за лидерската позиција на конресот на ДУИ