МАКЕДОНИЈА

Димовски: Не одам на протестот на Јанчев, ниту на контрапротестот на Пандов

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека нема да се појави ниту на протестот на Митко Јанчев за оставка на Христијан Мицксоки, ниту на контрапротестот на Александар Пандов против оставка на Мицкоски. Тој остана без одговор на прашањето дали лидерот Мицкоски треба да се замине од челото на партијата.

„Мислам дека тоа не е начин на кој што треба да се решаваат состојбите во партијата. Целта на трибините и собирите е да се понуди интелектуалниот и кадровски потенцијал на ВМРО ДПМНЕ и на државата и на партијата. Статутот на ВМРО ДПМНЕ е така поставен за оставката на лидерот да зависи од понудена или непонудена оставка. Тоа прашање треба на Мицксоки да му го поставите. Она што е значајно за мене дека ВМРО ДПМНЕ треба ад најде начин ,модалитет, стартегија , концепт којшто ќе го врати на победничка патека. Сам ниеден човек  не може да даде одговор на тоа прашање, тоа прашање треба да го одговорат повеќе луѓе  луѓе низ една сеопфатна стартегија како да се надминат слабостите кои што ги покажа партијата. Партијата не е лична сопственсот на никого и никој нема доволно тежина сам да се нуди себеси за  спас на состојбата“, изјави Димовски.

Поврзани вести

ДКСК ќе расправа за патните трошоци на пратениците

Stefanija Kuzmanovska

Обезбедени се средства за набавка на вакцини и лекови против КОВИД-19

Берта Китинска

Николовски: Владата молчи, дали Заев се согласува со бугарскиот документ?

Влада: Нема да има присилна наплата за даночни долгови доспеани во мај и јуни

Мерки за заштита од коронавирусот воведува и Скопската православна епархија

„Дејзи фемили“: За време на полицискиот час забележан е зголемен број труења на бездомни животни

Берта Китинска