МАКЕДОНИЈА Политика

Димовски: За првпат Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци

Македонија доби бинационална Влада…
За прв пат после децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци…
Прв пат во македонската Влада, нема НИТУ ЕДЕН министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак…
Според пописот во 2002 (тој е последен) околу 10% од граѓаните на Република Македонија се припадници на помалите етнички малцински заедници…
Нивното значење во градење на државата Македонија е големо и забележливо уште од првото заседание на АСНОМ…
Овие етнички малцински заедници секогаш и секаде биле горди и лојални граѓани на Република Македонија…
Покрај многуте политички слабости и ризици по државата, јас одбрав да ја потенцирам оваа критична точка, затоа што има најголем ризик по политичката иднина на државата Република Македонија…
Жалам што овој елемент на суштинска слабост на Владата, или намерна поставеност, не доби на поголемо внимание минатите денови…
Партиите на помалите етнички заедници што и понатаму, во вакви околности, ќе останат во лојална коалиција со СДСМ докажуваат дека имаат дефицит на политичка сила за вистинско застапување на своите членови и гласачи…
Од висок државен интерес е ВМРО-ДПМНЕ да понуди политичка платформа за интеграција на интересите на граѓаните припадници на помалите етнички (па и културолошки) заедници кон својата борба за еднакви права на сите граѓани, а со тоа и зачувување на унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството…
СДСМ докажа дека нема никаков политички интерес и капацитет да работи за интересите на помалите етнички малцинства, бидејќи се однесува кон Македонија вака како што покажува кога е на власт…
ДУИ докажува дека не ги ни забележува дека постојат овие 10% од наши сограѓани…, напиша Илија Димовски на Фејсбук.

Поврзани вести

Десната рака на Вучиќ: Србија се плаши од идејата за Голема Бугарија, во Скопје постои бугарски шпионски центар

Никола Поповски

Герберих: Работна виза само со призната квалификација и барање од германски работодавач

Берта Китинска

Нема Топ шоп влада, него Дормео опозиција, изјави Заев

Берта Китинска

Скопје какво што не сме го виделе: Почна фестивалот на светлосната уметност „Skopje Light art district 2020“

Никола Поповски

Тортевски: На 7-ми декември е основачкото собрание на „Твоја Партија“

Влатко Зорба

Владата прогласи 30 дена кризна состојба на јужната и на северната граница