МАКЕДОНИЈА

Директорката на УЈП, Лукаревска позитивна на Ковид 19

После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил.

„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација“, напиша Лукаревска.

Поврзани вести

Собранието го донесе законот за дополнително финансирање за автопатот Кичево-Охрид

Влатко Зорба

Пожарникарите бараат изземање од ограничувањето за додатоци на плата

Берта Китинска

Влада: Финансиска поддршка за лица во дејноста култура и право на надомест за тие што останале без работа

Пановски: Требаше да има локализиран карантин во местата кои што беа извор на зараза

Претпладне сончево до умерено облачно, попладне нестабилно со дожд

Русковска: Апсолутно не верувам во тоа што го изјави денеска Бојан Јовановски