МАКЕДОНИЈА

Директорот на ДЗС ја потпиша пограмата за стручно оспособување на пожарникари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски денеска ја потпиша Програмата за стручно оспособување на пожарникари.

Носител на програмата е Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, а пожарникарите по завршувањето на обуката се стекнуваат со сертификат – професионален пожарникар-спасител.

– Морам да изразам задоволство што како прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со вработените, за прв пат по осамостојувањето на државата ја донесовме Програмата за стручно оспособување на пожарникари и се надевам дека таа ќе биде од клучно значење за професијата пожарникар во моментов, но и за идните пожарникари кои ќе го прифатат овој благороден позив како нивна животна определба, изјави директорот Џафероски.

Поврзани вести

Град Скопје годинава бесплатно ќе ги подига остатоците од бербата

Герила акција на „Fridays for future: Тие се богатат, ние се труеме!

Влатко Зорба

Излеаните реки во Тетовско, поплавија патишта и куќи

Се зголемува бројот на заболени во пијанечко-малешевскиот регион

Берта Китинска

Дуковски: Обвинителството нема доказ во предметот против Боки 13

Каков отпад најмногу се рециклира во земјава?

Влатко Зорба