МАКЕДОНИЈА

ДКСК засилено ќе ги следи сите информации кои се објавуваат во медиумите до почетокот и за време на изборите

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во деновите до почетокот на изборите, но и за време на изборите засилено ќе ги следи сите информации кои се објавуваат во медиумите, како и оние што на сите останати начини пристигнуваат до Комисијата и доколку постои и најмал сомнеж за основано коруптивно однесување ќе отвора постапки по сопствена иницијатива и по допрен глас, порача денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Тоа, како што рече Ивановска на денешната прес-конференција, ќе го прават со цел да го испитаат постапувањето и работењето на политичките партии и сите избрани и именувани функционери.

-На веб страницата на ДКСК повторно ќе биде активирана формата за пријавување на сомневања за неаконитости и прекршувања во изборниот процес и во изборната кампања на предвремените парламентарни избори, која ќе може да ја пополни секој кој има сознание за евентуални пркршувања на одредбите од Изборниот законик за забрана за употреба на буџестски средства, односно забранети дејствија на јавните инститции од денот на распишувањето на изборите, како и во текот на изборната кампања, рече Ивановска.

На веб страницата, додаде, ќе биде поставена и ажурирана веб апликација – Регистар на возила во државни органи, органи на локална самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал преку кој секој ќе може да ги пребара возилата по институција и регистарска таблица.

-Доколку има сомнение за злоупотреба секој ќе може да пријави сомневање до ДКСК, рече Ивановска.

Поврзани вести

Мицкоски: Ве повикувам сите застанете до нас и ајде прво да си ја ослободиме Македонија

Автобусите на ЈСП се дезинфицираат со распрскувач

„Рекет“: Утре ќе биде објавена пресудата во големата сала на Врховен суд

Берта Китинска

Муслиу: Ако никој не формира парламентарно мнозинство, повторно ќе одиме на избори

Парична помош и сместување за семејството чија куќа изгоре во Шуто Оризари

Никола Поповски

ФОТО: Владата ги спроведе мерките за заштита од коронавирусот и во прес центарот