МАКЕДОНИЈА

Доктор Јосифовски: Боки сакаше од 135 килограми да има 70

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот “Рекет” каде што сведочат уште двајца сведоци предложени од одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13.

Одбраната на Јовановски има девет сведоци, а поранешната шефица на СЈО Катица Јанева предложила 13 сведоци, меѓу кои се има обвинители што работеа во СЈО.

Прв сведок е Тони Јосифовски, хирург во приватната клиника Систина.

Докторот Јосифовски во сведочењето истакна дека Бојан Јовановски го познава две години.

“На Бојан му извршивме две интервенции, за намулување на килажата. Првата операција беше пред две години, а втората операција која беше естетска се случи пред година и пол. Бојан од првата операција беше задоволен по што им предложи да се оперираат и други лица. Тој со операцијата сакаше да дојде до 70 килограми, а во моментот кога дојде имаше 135 килограми”, истакна докторот Јосифовски.

Тој потврди дека го познава Зоран Милевски и дека со Катица Јанева разговарал само околу нејзина операција.

“Одредени преврски на Бојан сум му правел дома и во домот на Орце Камчев бидејќи не сакаше да дојде во болница”, истакна сведокот.

Тој појасни дека кога доаѓал во домот на Камчеви, многу пати ги затекнал заедно Бојан и Орце.

И.Р

Поврзани вести

Штип и денеска со двоцифрена бројка на заразени, земени 130 контролни брисеви

Берта Китинска

Шилегов немаше време да го сними видеото од партиската кампања „30 прашања“

Берта Китинска

„Господ постои, името и е Петрунија“ може да се закити со наградата „ЛУКС 2019“ за филм на Европскиот парламент

Дулови: Се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сака да оди на избори

Александар Тодески

Заев во новоотворената спортска сала во Дојран во вредност од 24 милиони денари, достапна за учениците, хотелиерите и сите граѓани

Панчевски не се појави на суд бидејќи немал покана

Maja_Serafimova