МАКЕДОНИЈА

Донаторска акција „Една може“ за еднородителски семејства во ризик

Организацијата „Една може“ од денеска започнува активности поттикнати од вонредната состојба за поддршка на еднородителски семејства во ризик. Преку оваа иницијатива која се одржува под слоганот „Заедно во се!-Емпатија, солидарност, споделување“, организацијата ги повикува сите компании да донираат прехрамбени, хигиенски, дезифициенски и разноврсни добра.

– Иницијативата „ЗАЕДНО ВО СЕ! – СОЛИДАРНОСТ, ЕМПАТИЈА, СПОДЕЛУВАЊЕ“ има свои хаштази на кои ќе ги обедини сите компании кои ќе донираат, ќе им издаде признаници за учество во благороднава мисија и прибраните донирани добра ќе ги насочи кон најранливите семејства, а сите активности може да се следат јавно на нивната ФБ страница: https://www.facebook.com/onecanednamozhe/.

Колку повеќе ќе соберат, толку повеќе трпези ќе наполнат и толку повеќе жени и деца ќе имаат пристап кон дезифициенси, хигиенски средства и ќе можат да се самозаштитат а од Една може! Донаторските пакети ќе им ги доставуваат до праговите на нивните домови, истакнува Дороти Пачкова, експертка по родови прашања и предводничка на „Една може!“

Тие што сакаат да донираат можат да воспостават контакт со претставници на органиацијата на имејлот [email protected] или на мобилниот телефон во работно време: 071/936497, на двата ад хок пункта на Една може! – или во Карпош 1 или во Аеродром.

Поврзани вести

Градоначалникот Мицевски ги посети дежурните екипи за новогодишната ноќ

Сите медиуми да се регистрираат во ДИК доколку имаат платено политичко рекламирање

Берта Китинска

Разрешен Реисот на ИВЗ

Берта Китинска

Попладне наместа нестабилно со локален дожд, грмежи и засилен ветер

Спасовски: Значајно е граѓаните да бидат мотивирани и да излезат на избори

Шилегов: Пречистителната станица спас за скопските реки, би профункционирала најдоцна 2025-та

user4