МАКЕДОНИЈА

Донесен ребалансот на Буџетот за 2020

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година.
Детално образложение за проекциите во приходната и расходната страна на Буџетот ќе бидат презентирани на прес-конференција во текот на денешниот ден.

На вчерашната седница се донесени измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.
Владата вчера ја усвои Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Македонија.

Имајќи ги предвид сите предизвици кои произлегоа по прогласената пандемија на КОВИД-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирањето со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство.

Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Република Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Македонија.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од назначување на агент за процесни услуги на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии во процесот на издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и го задолжи Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Република Македонија во Лондон, Велика Британија да ја преземе функцијата на агент за процесни услуги во име на Република Македонија претставувана од Министерството за финансии.

Владата донесе изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците. Со Уредбата се предвидува продолжување на рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на должниците – правни и физички лица и тоа за 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Исто така, беше донесена и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.

На оваа седница е донесена измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со која се продолжува рокот за исполнување на обврската за поднесување гаранција за обезбедување на плаќањето на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување. Имено, приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник, треба да поднесат гаранција заклучно со 31 декември 2020 година, како дополнителна олеснителна мерка во услови на ширење на коронавирусот КОВИД-19.

На вчерашната седница донесено е дополнување на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини, со која се уредуваат причините и постапката за времено запирање на вршењето на експлоатацијата на доделени концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини од страна на концедентот во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува здравјето на населението.

Владата донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот. Со измената, се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка, за што овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.

Поврзани вести

Филипче: Жалам што министерката Кочоска ги блокира средствата од СБ наменети за пациентите со Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со своето гостување докажа дека е срам за Македонија

Никола Поповски

Бизнис акцелераторот УКИМ и ФИТР домаќини на индустрискиот акцелератор „Колектор дигитал“ од Словенија

Влатко Зорба

ФОТО: Ангеловска од својот кабинет: „Кога појадувам сакам да е домашно“

Намалени нарачки и отпуштања на работници: Се остварува црното сценарио во текстилните фабрики

Никола Поповски

Јанчев: Благодарност до ФФМ, после многу години создаваме поинаква слика за Градскиот стадион во Кавадарци

Никола Поповски