МАКЕДОНИЈА

Драстично опаѓа бројот на прекршоци за неносење маска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 29619 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 169 прекршоци во изминатото деноноќие. Ова е најмалата бројка на регистрирани прекршоци од МВР во изминатиов период откако владата ја донесе задолжителната мерка за носење лична заштита за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според податоците на министерството за внатрешни работи најмногу  во првата половина на јуни во одредени денови биле регистрирани и над 1.000 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Вчера биле регистрирани  237 прекршоци за неносење маски.

Од МВР информираат дека во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 43 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 313 лице им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Поврзани вести

Волонтери на Црвен крст ќе им помагаат на пациентите за полесно да се снаоѓаат во Клиничкиот кампус во Скопје

Влатко Зорба

Шилегов: Државата успеа да излезе од голготата со Дрисла без финансиски последици

Viktor Jovanov

До 17 часот во општина Тетово гласале една третина од граѓаните

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Влатко Зорба

Денот на Републиката ќе се чествува со протоколи и без масовни собири

Ново рочиште за „Ласкарци”

Stefanija Kuzmanovska