МАКЕДОНИЈА

ДУИ со поддршка за разрешување на Мизрахи – Не го почитува Преспанскиот договор

Демократската Унија за Интеграција ќе даде позитивно мислење, техничката министерка за труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи да биде разрешена. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби рече дека тие се за нејзино разрешување, бидејќи не ги почитувала двојазичноста и Преспанскиот договор.

„ДУИ на Конгресот рече дека би пристапиле во коалиција ако се почитуваат Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и двојазичноста. Бидејќи техничката министерка Мизрахи затоа што таа не ги почитува двојазничност и Преспанскиот договор, поддржуваме нејзино разрешвуање“, рече Груби.

Разрешувањето на Мизрахи е закажано за денеска во 15 часот, на седница посебна од онаа на која пратениците треба да се изјаснат за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители.

А.Т.

 

Поврзани вести

Спасовски: МВР влезе во неколку фирми да се изврши контрола и проверка на сите факти

Ивана Рамаданова

Петровска: Чулев да објасни за 12.000 евра потрошени во Агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на Ѓорге Иванов

Stefanija Kuzmanovska

Се потпиша договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце

Никола Поповски

Одржана првата средба на Пријателите на Северна Македонија во Европарламентот

Влатко Зорба

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение

Сто пакетчиња од деца од Германија за нивните врсници хоспитализирани на детската клиника

Александар Тодески