МАКЕДОНИЈА Хроника

Две деца загинаа по превртување на трактор кај Струмица

Денес во 15:15 часот две деца на возраст од 14 и 15 години го загубија животот во сообраќајна несреќа, откако тракторот на кој се превезувале се превртел и паднал во реката Струмица на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, потврди портпаролот на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар. По констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.

Се работи на целосно документирање на настанот.

Поврзани вести

МВР отвори телефонски линии за психолошка поддршка на полициските службеници

Берта Китинска

Одбележување на Меѓународниот ден на волонтерите

Влатко Зорба

Протест поради поставените контејнери на велосипедските патеки

Влатко Зорба

Координаторите договориле денеска да почне седницата за Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески

Се разгледуваат решенија за корекција на платите на вработените во ФЗО

Влатко Зорба

Мрежата за заштита од дискриминација ја осудува полициската бруталност и самоволие кон бездомни граѓани