МАКЕДОНИЈА

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

Две пациентки на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше за МИА портпаролот Марина Шуманска.

Двете пациентки, кои починале од компликации од коронавирусот се од Виница и Берово.

На ова одделение има хоспитализирано 50 пациенти, од кои 48 се позитивни, а двајца се сомнителни случаи и за нив се чекаат резултатите од тестирањето.

Во моментов на ова одделение има пет слободни болнички кревети, а притисокот врз ова одделение се намали откако пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, на кои им треба болничко лекување од целиот источен регион. Оваа болница е со капацитет за 25 пациенти.

Поврзани вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот заради криминални проекти, Мицкоски нека учи економија, сега парите завршуваат кај граѓаните

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка

Stefanija Kuzmanovska

Вирусот се шири, во моментов има над 20 000 активни случаи на ковид во земјава

Берта Китинска

Очекувам наесен да има повторен пик на коронавирусот, тогаш може да биде уште покомплексна ситуацијата, вели Филипче

Влатко Зорба

Полицаец го проверувал службениот пиштол и по грешка испукал куршум

Од понеделник кампања за поголема информираност на граѓаните за бесплатната правна помош

Влатко Зорба