МАКЕДОНИЈА

Едни донираат, други профитираат: Маските за заштита станаа повеќе од потребни

Откако се појави коронавирусот во земјава задолжително стана носењето на маски.

Па во оваа ситуација тешко е низ аптеките да се најде и купи маска за заштита.

-Пред почетокот на „корона-кризата“ маските чинеле околу 4 денари. Сега, ако успеете да најдете истата ќе ја купите за цена од 30 до 50 денари за парче. Многу тешко може да се најдат и од поскапите маски, велат фармацевтитие.

Воедно тие додаваат дека и ракавиците за една употреба од два денари накачени се 8 денари по парче.Пандемијата на коронавирусот многумина ја сметаа за добра можност за брза заработувалчка, а некој и да ја покажат својата хумност.

Па така на пазарот се појавија и заштитни маски од модниот бренд „Елена Лука“ кои се продаваа за 600 денари за парче.Покрја модниот бренд на социјалните мрежи се продаваат маски и средства по високи цени.

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД СИТЕ ПРЕНОСЛИВИ ЗАРАЗНИ ВИРУСИ И ГРИП Заштитни маски Flu Guard со 10 слојна филтер заштита,…

Gepostet von beauty.lux_ am Sonntag, 1. März 2020

За пример во Италија финансиската полиција откако започна кризата објави дека открила луѓе кои преку интернет продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче. Покрај тоа што цените се неверојатно „надуени“, продавачите на интернет шират лаги и тврдат дека нивните производи нудат „целосна заштита“ од коронавирус.

 

Gepostet von Заштитни маски am Montag, 30. März 2020

‼️ ЗАШТИТНИ МАСКИ + Антибактериски сапун‼😷Ви пристигнуваат на ваша адреса во пакет по 10 МАСКИ + АНТИБАКТЕРИСКИ САПУН 😷Заштитете се себеси и вашите најблиски!!!❤❤❤

Gepostet von Mk shop am Donnerstag, 26. März 2020

 

Но, покрај профитерите има и луѓе кои бесплатно прават маски и заштитни визири. Воедно и на социјалните мрежи се појавија групи како и граѓани кои доброволно ја нудат својата помош.

 

Една таква група која донира маски е „Изработка на капи и каљачи“ .Станува збор за млади и жени кои се организираат и изработуваат потребни заштини средства за медицинскиот персонал.  Тие изработуваат каљаши и заштитни капи. Од активностите во групата може да се види дека тие доставуаат опрема до речиси сите здравствени установи. Дополнително голем дел од медицинскиот персонал им се обраќа редовно барајќи помош.

Покрај групите кои нудат помош има и граѓани кои доброволно прават заштитни маски и ги нудат бесплано .

Karantinskata rabotilnica na majka mi i tatko mi pod polna parea 🥰..Na kogo mu trebaat obratete se slobodno…P.S ne se plakjaat ❤

Gepostet von Irena Kiroska am Dienstag, 31. März 2020

Но, која маска навистина штити од вируси и бактерии?

Според експертите обичните хируршки маски не се ефикасни против вируси и бактерии во воздухот, бидејќи тие се премногу широки, односно не се придржуваат добро кон устата и носот. Исто така маските за еднократна употреба и не треба да се користат постојано.

Ако се одлучите да користите маска за заштита, докторите предлагаат тоа да биде нано маска. Нано маските имаат дополнителен филтер направен од наноматеријали и сребрени честички, кои ја неутрализираат негативната честичка од вирусот со нивната позитивна енергија. На пример маските со ознака N95 заштитуваат од 95 проценти од честичките во воздухот, N99 заштитуваат од 99 проценти од честичките, додека N100 штитат од 99,97 проценти од честичките во воздухот. Сите овие маски штитат од честички, но не ги елиминираат и мирисите на издувните гасови.

Поврзани вести

По короната нема да биде исто како порано, следува поинаква организација во многу животни процеси

Берта Китинска

Заев: Не знаев дека била вмешана и Катица, видеото и четирите разговори ми беа доволни

Никола Поповски

Бектеши: До петок исплата на средствата за вградени плински уреди во возилата

Никола Поповски

Прилеп ја обновува традицијата за марш до Могилата на непобедените за 11 Октомври

Влатко Зорба

МТСП: Породилното отсуство ќе трае до завршувањето на времените мерки,

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ моли ЕУ да не ни даде датум

Берта Китинска