МАКЕДОНИЈА

Екстремно топло, со потпросечни врнежи во октомври

Екстремно топло со потпросечни врнежи се карактеризира времето во втората половина од октомври.

Од УХМР наведуваат дека според измерените вредности за среднодневната темпрература на воздухот првата декада од октомври се категоризира како вообичаена, но што се однесува на втората декада, земајќи предвид и прогнозираните температури до крајот на втората декада, се категоризира како екстремно топла, освен на западниот планински дел и се очекува да го надмине многугодишниот просек од три до пет степени.

Рекордните вредности на максималната температура на воздухот на повеќето метеоролошки станици во октомври не ги надминуваат многугодишните апсолутни вредности.

Највисоката температура во октомври годинава е измерена во Гевгелија од 32,6 степени, додека максималната измерена досега на ова мерно место е 35,4 степени. Максимално измерените темпратури во периодот од 1951 до 2018 година за октомври се 34,5 степени во Демир Капија, Штип 34,1, Скопје 33,6, Струмица 32,2, Прилеп 32,3, Битола 31,8, Крива Паланка 31,3, Охрид 28,9, Берово 31,5, Маврово 27,3 и Лазарополе 27,4 Целзиусови степени.

Поврзани вести

Еден килограм контролирана пратка кокаин е запленета во магацин за овошје во Крушопек

Александар Петровски

МВР: Стабилна безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа во изминатото деноноќие

Граничните премини се отвораат од денеска, при влез задолжителен негативен ПЦР

Во еден ден изречени 359 казни за неносење маска

Законот за обвинителство на разгледување кај работните групи на власта и опозицијата

ЈП Водовод и Канализација сo акција за наплата на долгови на рати без камата

Влатко Зорба