МАКЕДОНИЈА

Еленовски разрешен од функцијата специjален претставник на С. Македонија во Брисел

Владата го разреши од функцијата специjален претставник на С. Македонија во Брисел, за интеграција во НАТО, Лазар Еленовски. Од Владата за весникот Коха велат дека причината за разрешувањето е дека со полноправното членство на Македонија во НАТО, земјата нема веќе потреба од специјален преставник во Брисел.

Лазар Еленовски за Коха не ја прокоментирал одлуката на владата за неговото разрешување.

„Немам коментар! Се уште не сум известен официјално”, изјавил Еленовски.

Еленовски е поранешен министер за одбрана, во 2018 со поддршка од ДУИ е избран како владин преставник во Брисел за интеграции во НАТО. Владата го разреши на 19 мај, а одлуката на Службен Весник е објавена по 8 дена.

Поврзани вести

Свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга, кој годинава изгоре во пожар

user4

Д-р Бошковски донираше крвна плазма за да спаси пациент позитивен на коронавирусот

Берта Китинска

СДСМ го осуди говорот на омраза и антисемитизмот на Тричковски

Видео: „Корона забава“ во Охрид, качени на столчиња без заштита младите заборавија на вирусот

Берта Китинска

Од 15 јуни: Нашата земја е на списокот од 29 земји на кои ќе им биде дозволено патување во Грција

Талески: Јас сум 100 проценти сигурен дека нашето полноправно членство во НАТО ќе го заврши Собранието во овој формат