МАКЕДОНИЈА

Филипче: Близу 80 проценти од починатите од Ковид-19 имаат сериозни коморбидитети

Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите смртни случаи. Кај нас се случува да се земе брис, да биде пациент дојден за друга здравствена услуга во тешка здравствена состојба која нема врска со Ковид-19, да почине многу брзо во болницата заради некаква форма на инфаркт, мозочен или срцев или некоја друга здравствена состојба, а дури после брисот да покаже дека бил носител на вирусот. Ние го пријавуваме и тој пациент. Значи ние не бегаме, ниту нешто сме сокриле од сите тие пациенти кои биле дијагностицирани.

Ова вечерва го истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма. Посочи дека близу 80 проценти од починатите од Ковид-19 имаат сериозни коморбидитети, најмалку две хронични болести кои сериозно ја влошиле состојбата и со белите дробови, и со крвта и со другите органи и органски системи, да едноставно немало што да се направи.

Има пациенти, потенцира министерот, кои доаѓаат со сатурација, врзување на кислород 20, 30 и многу брзо стасуваат до респиратор.

– Вирусот дефинитивно повеќе и во потешка форма се манифестира кај пациентите кои имале претходна болест. Кај нас голем број од населението дури и на своја рака зема лекови за зголемен крвен притисок, има такви рецептори на кои се врзува вирусот и потешко ја манифестира болеста. Факт е дека пациентите кои имаат хронична болест имаат потешка форма на болеста, истакна Филипче.

Тој појасни дека сите чекори се преземени најризичните групи да бидат заштитени.

– Сега има мерка која точно е димензионирана да секој кој треба да биде дома и биде заштитен, да има механизам, прво лесно да стигне до тоа мислење, до таа препорака да не треба да патува често, електронскиот рецепт му овозможи директно да оди во аптека. Ние ги преземавме апсолутно сите чекори навремено, рече Филипче.

Поврзани вести

Фрчкоски: Американците за Македонија имаат направено неколку големи гестови во историјата

Никола Поповски

Филипче со апел: Останете дома, коронавирусот не е шега!

Колемишевски: За само 2.5 години СДСМ ја зголеми минималната плата за 5.500, а просечната за околу 4000 денари

Никола Поповски

Сугарески: Активностите врз целокупната инфраструктура во државата се одвиваат со силен интензитет

Седница на владата во Тетово: Утврдени приоритетите за инфраструктурни проекти во полошките општини

Болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат, обезбедуваме кревети, но оди сé потешко, вели Филипче

Берта Китинска