МАКЕДОНИЈА

Филипче: Детската клиника постави монтажна општа амбуланта

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека Детска клиника поставила монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот меѓу најмладите пациенти.

„Амбулантата е донација од Македонски Телеком, во која ќе може да се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Тука има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Институтот за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

Детска клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот меѓу најмладите пациенти. 🙏…

Gepostet von Венко Филипче am Donnerstag, 16. Juli 2020

Поврзани вести

Министерството на проблеми мора да стане министерство на решенија, истакна Мизрахи

Maja_Serafimova

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег

Stefanija Kuzmanovska

МТСП: Продолженото породилно отсуство ќе трае сè додека траат времените мерки

ГАЛЕРИЈА: Официјално пуштен во употреба зелениот кров на ГТЦ

Влатко Зорба

(ВО ЖИВО) Седница на ДИК за ревидираниот Роковник и организација на изборите

Отстранети фундаментите за панорамското тркало

Влатко Зорба