МАКЕДОНИЈА

Филипче: Иако со мерките се поклопува почетокот на кампањата, справувањето со вирусот е врвен приоритет на земјата

Министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дали се работи за забрана или препорака за собири над 1.000 лица, бидејќи забраната во следните четиринаесет дена ќе значи и забрана на почетокот на кампањата за парламентарните избори, посочи дека справувањето со коронавирусот е врвен приоритет на државата и дека не се калкулира со партиски собири.

„Не калкулираме со партиски собири или почеток на кампања. Изричита забрана има за собири над 1.000 лица. За сите собири под оваа бројка има само препорака. За изборниот процес не размсилуваме, ова се епидемиолошки индикации зошто и како треба да важат овие мерки. Доколку има потреба, ќе се продолжат, ова е врвен приоритет на земјава во овој момент, никако не калкулираме со партиски собири или почеток на кампања“, рече Филипче.

Оваа мерка е дел од новиот сет мерки и препораки за борба со коронавирусот, кои на денешната владина седница биле усовени, а на барање на Центарот за управување со кризи. Минситерот Филипче исто така посочи дека во моментов има 100 лица кои се во изолација, а поради директорката на Кожно, која пак, ќе биде разрешена откако иако заболена од коронавирусот и со симптоми, одела на работа.

Поврзани вести

Дечев: Политиката на Заев и Димитров има освоено многу пријатели

Христина Николовска

Николовски: Целосно ќе се вложам да ги подобрам институциите, но и начинот на однесување на носителите на јавни функции

Никола Поповски

Полицајци пишале казна, по што биле нападнати од четири лица

Никола Поповски

ЗНМ: Да се поништи конкурсот за нови членови во Надзорниот одбор на МРТ

Влатко Зорба

Мицкоски: На 11 Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата

Никола Поповски

Сончево време со температура до 25 степени