МАКЕДОНИЈА

Филипче: Инкубацијата на пациентката е одамна помината, таа не претставувала опасност за луѓето со кои патувала

„Сакам да повторам тоа што го кажуваме во целиот период дека нема простор за паника, пациентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно на нејзината состојба“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Епидемиолошките анализи, прашањата кои што и биле упатени укажале на тоа, според министерот, дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и на посета кај свои роднини, веќе две недели е болна и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа.

„Таму не е тестирана за вирусот Корона и практично непоредно после влегувањето во нашата земја директно се упатила на инфективната клиника во Скопје. Тоа ни дава за право да мислиме инкубацијата е многу одамна помината и таа во моментот на транспорт со луѓето со кои што се транспортирала не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, посочува Филипче

Поврзани вести

Патријарх Неофит: Православните браќа во Македонија може да сметаат на поддршката на БПЦ

Мицевски: Македонија нема време да биде заложник на владата

Александар Тодески

Поповска: Битката за една изборна единица и отворени листи ја водам долги години

Александар Тодески

ФОТО: Падна покрив од зграда на Партизанска од силниот ветер, откорнато дрво во Кисела Вода

Александар Тодески

Обвинителството ќе ја истражува смртта на жената од Струга која беше позитивна на коронавирус

Влатко Зорба

Кавадаречкиот совет против геолошки истражувања на Кожув

Ивана Рамаданова