МАКЕДОНИЈА

Филипче: Коронавирусот во летните месеци можеби ќе исчезне, но повторно може да се појави на есен

Би било комплетно несериозно и медицински неоправдано ако не го прифатиме фактот за можниот втор бран. Имајќи го сегашното искуство паралелно работиме на подготовка на целиот здравствен систем за евентуален втор бран, изајви министерот за здрвство, Венко Филипче во своето интервју за Независен.

Тој вели дека вториот пик на заразата е нешто на што укажуваат, историски гледано, голем број претходни епидемии.

-Како и сите респираторни вируси, и за овој предвидувањата се дека во летните месеци можеби ќе исчезне, но апсолутно не е исклучено повторно да се појави на есен. И ова не се само наши согледувања, туку и согледувања во светски рамки, а тоа дефинитивно треба да нѐ одржи во состојба на подготвеност. Сметам дека во овој прв налет, и покрај многуте непознати за овој вирус, ние многу успешно се справивме со состојбата, благодарение на искуството и експертизата на нашите епидемиолози, вирусолози, инфектолози и целокупниот медицински персонал. Нам не ни се случија црните сценарија со кои се соочија некои земји, во смисла на преоптовареност на здравствениот систем. Ние го оптмизиравме здравството и од аспект на капацитети и од аспект на персонал. Би било комплетно несериозно и медицински неоправдано ако не го прифатиме фактот за можниот втор бран. И гледано од тој аспект, ние сега постепено ќе го вратиме здравствениот систем во еден нормален тек, граѓаните имаат потреба од редовните здравствени услуги и ние мора да одговориме на тоа. Имајќи го сегашното искуство паралелно работиме на подготовка на целиот задравствен систем за евентуален втор бран, изјави Филипче.

Поврзани вести

Државата го подигна нивото за заштита од Ковит 19

Берта Китинска

Деспотовски за Стандард: Нема да дозволиме да се наштетува на интересите на македонската економија на сметка на политички амбиции и агенди

Александар Тодески

Филипче: Ќе се објават имињата на тие што не соработуваат со здравствените инспектори и не ги примаат решенијата

Во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик

Stefanija Kuzmanovska

Под влијание на влажен бран од Медитеранот, од утре до четврток дожд и ветер

Влатко Зорба

„Меѓународен сојуз“: Ременски со снимки ќе го докаже незаконскиот претрес во нејзиниот дом

Берта Китинска