МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мобилните тимови ќе го олеснат пристапот, се реши проблемот со кол центрите

До денеска се три деца заболени од коронавирусот, две од нив на домашно лекување и едно 15 годишно момче на инфективната клиника, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Болницата која треба да го надополни капацитетот е болницата која ја користи Армијата. Имавме интензивни разговори со министерката за одбрана, целосно излегоа во пресрет. Сметаме дека треба да биде блиску и да се надополни капацитетот, поради експертизата. Ќе има соодветни тоалети, тушеви и ќе има 130 сместувачки капацитети. Ќе има добар распоред согласно клиничката слика“, посочи Филипче.

Тој кажа дека сите медицински сестри може да помогнат во било кое време за помагање кај овие лица.

„Се реши проблемот со кол центрите, а со цел дополнително да се реши овој проблем, во функција ќе бидат и мобилните тимови. Алгоритамот предвидува и итност, има податоци кои го предвидуваат тоа. Сметам дека мобилните тимови полесно ќе го олеснат пристапот“, рече Филипче.

Поврзани вести

Прв медиумски работник заболен од коронавирус, новинарската професија меѓу најризичните

Шест лица починаа од коронавирус во земјава

Берта Китинска

Се одложува започнување на прекршочни постапки спрема субјектите на супервизија

Влатко Зорба

Кривична пријава против момче од Сингелиќ за поседување пиштол без дозвола

Исмаили: Обезбедивме финансиска поддршка во месечен нето износ од 14.500 денари за месеците април и мај за културните работници

„Ласкарци” се враќа во судница