МАКЕДОНИЈА

Филипче: МВР во изминатиот период можеше поинтензивно да работи на терен

Мислам дека мора да има санкција таму каде не се почитуваат мерките. Изминатиот период имаше потфрлања, не се контролираа луѓето и местата каде се организираа настани. Но, и граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

– МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно на терен и граѓаните да станат свесни дека има институција која се грижи. Но, мора и граѓаните да се свесни дека мерките мора да се почитуваат за да го заштитат сопственото здравје. Никој нема да биде крив, ако некој не се грижи за своето здравје, рече Филипче.

Оцени дека ситуацијата во земјава е под контрола на што укажуваат податоците за сериозно намалување на бројот на новозаболени во однос на претходниот период и на помалиот број случаи на хоспитализирани. Според него, добро е и тоа што со зголемувањето на бројот на направени тестови откриени се и голем број асимптоматски случаи што придоенсува во намалувањето на ширењето на вирусот.

Повтори дека се работи за вирус за кој се уште не знае се и за кој единствената заштита се носење маска, држење дистанца и често миење на рацете. Трансмисијата на вирусот, како што посочи, е поголема на настани кои се организираат во затворен простор, отколку на отворен.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, беше резултат на непочитувањето на мерките за заштита.

Прашан дали е можно повторно да се воведе рестрикција на движење, Филипче рече дека во земјава има протоколи за се и оти треба да се види дали ваквата рестрикција ќе го има ефектот како на почетокот на пандемијата имајки предвид дека сега вирусот го има насекаде.

Поврзани вести

„Рекет“: Се покажуваат снимките обезбедени од ПИ мерки

Влатко Зорба

Богоев: Лажните вести доведоа до конфликтот при јавната расправа за Трнодол

Александар Тодески

Утринските температури под нулата

Stefanija Kuzmanovska

Македонски државјанин уапсен на Косово за нелегално преминување на границата

Никола Поповски

Влада: Системот за справување со мигрантската криза е подготвен и функционален

Зеколи: Мултиетничката партија на СДСМ ќе се распадне

Viktor Jovanov