МАКЕДОНИЈА Политика

Филипче не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата

Министерот за здравство Венко Филипче не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата.

Тој денеска во Струмица ја повика опозицијата да ја тргне политиката настрана од борбата против пандемијата со Ковид-19.

Нагласи дека од почетокот на кризата целиот тим работи професионално и никогаш не се обиделе да внесат политиканство во било која од препораките и одлуките.

– Ги слушаме во јавноста предлозите што ги дава опозицијата и огроен дел од нив немаат никаква медицинска логика. Сакам да им порачам да ја држат политиката настрана од ова сериозно прашање. Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се слушеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите ковид центри кќ беа инсталирани во целата држава, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Струмица

Поврзани вести

И Филипче негативен на Ковид-19: Останувам во изолација до истекот на инкубациониот период од 14 дена

Влатко Зорба

Димитровски: Јавното мислење и Европа ќе помогнат да се изменаџира проблемот со Бугарија

Жерновски: Два големи празника во еден еден ист ден

ДС: Да се усогласат рестриктивните мерки за спречување на Ковид-19 со мерките на ЕУ

Влатко Зорба

ИНТЕРВЈУ со Богоев: Го наследив Карпош во лоша финансиска состојба, по три години променивме дел од оваа слика

Ангела Веселиновска

Џулијани под истрага поради кршење на законот за лобирање

Влатко Зорба