МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нов случај во врска со Кожната клиника, досега излекувани се три лица

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека се регистрирани 24 нови случаи во изминатото деноноќие, меѓу кои и еден нов случај во врска со поранешната директорка на Кожната клиника.

„По градови во Скопје имаме 15 случаи, 4 во Куманово, 5 во Дебар, еден во Охрид и еден во Штип. Еден пациент од Дебар е испишан од Инфективната клиника и е пуштен на домашно лекување, како и една пациентка од Скопје. Со тоа бројот на излекувани лица е три “, изјави Филипче.

Тој уште додаде дека на почетокот на април ќе пристигнат респиратори од Норвешка, преку нејзината амбасада во земјава, како и дека на почетокот на следната недела очекуваат 500 илјади маски и 25 илјади реагенси.

Според Филипче, во тек е онлајн-тренинг на околу 20 доктори и 20 медицински сестри, во соработка со Браун Универзитетот во САД.

„На тој тренинг тие ќе научат повеќе за болеста, како што е пристапот, лекувањето, тренажата, а потоа истото знаење ќе го префрлат на останатите здравствени работници“.

Во следните денови, според министерот, се очекува и тестирање на лицата од Дебар, на кои им измина периодот на инкубација од 14 дена.

Поврзани вести

Димитров се сретна со новиот амбасадор на Турција во државава

Микиќ: Нема потреба од паника и воведување посебни мерки во врска со новиот корона вирус

Stefanija Kuzmanovska

Мицкоски на конгресот на ЕНП оствари средба со Борисов

Народна банка: Вкупните депозити во ноември бележат раст од 0,3 проценти

Ивана Рамаданова

Бучковски: СДСМ губи поради тоа што игра на картата на патриотизмот

Viktor Jovanov

Јанева сака да зема плата и во наредните 12 месеци

Влатко Зорба