МАКЕДОНИЈА

Филипче: Останувам во изолација до добивање на епидемиолошка проценка

По објавата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека е позитивен на коронавирусот, се огласи и министерот за здравство Венко Филипче.

-По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е позитивен на Ковид-19, од денеска ќе бидам во домашна изолација. На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни, напиша Филипче на својот Фејсбук.

Тој напомена дека ги очекува епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен на него , ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот.

-До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација.Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио. Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата.Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а моите прес конференции ќе ги правам преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето, напиша Филипче.

Поврзани вести

Кривична за хакерка која четирипати го пробила компјутерскиот систем на банка од Скопје

Жбогар за изборите: Сите партии сакаат тие да се одржат во јули

Смртоносниот корона вирус однесе 132 животи, кај нас не се забележани сомнителни случаи

Ивана Рамаданова

ВИДЕО Министерот Филипче со најновите информации поврзани со коронавирусот

Александар Тодески

Вашингтон Пост ја објави веста за оставката на Заев и формирањето на техничката влада

Viktor Jovanov

Твитер за свадбата на Богдановиќ: Сега Амди ќе пукне од мака кога ќе види дека Српче имал витез на свадба

Влатко Зорба