МАКЕДОНИЈА

Филипче: Пикот на епидемијата останува кон крајот на април, јавно ќе објавиме детална наша анализа за очекувањата

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека Министерството за здравство заштедило околу милион денари со набавката на тестови за коронавирусот.

„Набавката на реагенсите иде преку ИЈЗ Скопје и преку самото министерство. Заштедата е околу милион денари, од 3 милиони потрошени се 2, согласно понудите за пакетот за китови“, објави министерот.

Тој се уште стои на претходниот став дека пикот на епидемијата се очекува кон крајот на април и дека тој ќе изнесува околу 2000 заразени лица.

„Во текот на деновиве ќе споделиме детална анализа до јавноста, со експерти епидемиолози од Инфективната клиника, во врска со очекувањата и временскиот интервал на болеста. Ќе објавиме се пред јавноста во врска со ризиците на грешка и нашите анализи“, соошти министерот.

Тој исто така информира и дека кај семејствата на заразените доктори од Кожната клиника нема позитивни случаи и дека во државава нема автохтоно шариште, односно сите заразени лица се преку кластери или во претходен контакт со заразено лице.

Филипче најави и дека од следната недела ќе има мобилните тестирања, подготовките траеле изминатите денови, денеска утре во текот на викендот ќе се селектираат уште пошироки групи согласно мислењето на епидемиолозите и тоа во подрачја, градови во кои сметаат дека тоа треба да се аплицира.

– Денеска имав состанок со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на која и се заблагодарив за поддршката која изминатиот период ја даваа на осовременувањето на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во земјава каде се вршат сите тестирања. Нашата земја во текот на вчерашниот ден беше примена и во една голема студија за избор на најсоодветна терапија за пациенти заболени од коронавирусот, која ја води СЗО и во која се вклучени повеќе земји. Во студијата се анализираат резултатите од повеќе пристапи во лекувањето. Комбинацијата на лекови веќе се дава на пациентите на Клиниката за инфективни болести кај кои може да се даде согласно проценката на специјалистите по инфективна медицина, рече Филипче.

Поврзани вести

Титаник: Тој период бев невработена и никогаш за никого не донирав пари, истакна Груевска

Ангеловсла: Оваа година е економска, тоа го покажуваат бројките и резултатите

Maja_Serafimova

Се гради затворен пливачки базен во Општина Ѓорче Петров

Берта Китинска

Со покриен лик со јакна и капа, Јанева донесена во домашен притвор

Тасева: Неодговорно е од Собранието 2 години да нема Државен ревизор

Viktor Jovanov

Ацевски: Не сум ја нападнал мојата сопруга, ова е кулминација на серија невистини објавени против мене