МАКЕДОНИЈА

Филипче: Почина 66-годишна пациентка од Дебар

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека во изминатото деноноќие имаме уште една почината пациентка.

„Се работи за 66-годишната пациентка од Дебар, која имаше хроничка терапија за хипертензија и подолго време беше на респираторна машина“, изјави министерот.

До 12 часот, се пријавени нови 29 позитивни на коронавирус, со што вкупната бројка на заразени се 177 лица, додаде Филипче.

„Од 29-те нови случаи, 5 се од случајот со Кожната клиника. Тоа се асимптоматски случаи, здравствени работници, кои ќе продолжат да бидат во домашна изолација“, изјави министерот.

 

Поврзани вести

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден

Бројката на заболени од коронавирусот се искачи на 114, детектирани 29 нови случаи

Оровчанец за изминатиов викенд: Не беше во ред луѓето што избегаа од Скопје

Обвинителство Скопје: Нема основа за постапување по известувањето на Чулев за ОТА и АНБ

Позитивни 663 лица, во овие два града неконтролирано се шири коронавирусот

Берта Китинска

Смилевски со реакција до Костовски од ВМРО ДПМНЕ: Ви го разбирам револтот, но не можам да дозволам Бутел да назадува како што беше во ваше време

Влатко Зорба