МАКЕДОНИЈА

Филипче: Постојат случаи во кои одредени пациенти не се свесни дека го прележале вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека капацитетите за тестирање на граѓаните за коронавирусот во следните денови ќе се зголеми речиси за две третини имајќи ја предвид дополнително можноста за тестирање во приватните болици, донации и работата на мобилните тимови.

Инспекторите утврдиле пропусти во третманот во Охридската болница на пациентката од Струга која почина од корона вирус, информираше министерот Венко Филипче.

-Се заврши увидот во Охридската болница, детектирани се пропусти во третманот на пациентката која почина. Ќе се преземат мерки кои оние кои ги прекршиле процедурите и се изготвуваат соодветни решенија, рече Филипче.

Тој додаде дека сегашните мерки кои се донесе се доволни, но дека во секојдневна комуникација со Комисијата за заразни болести, ќе се шират ако има потреба.

„Во овој момент мислењето на Комисијата за заразни болести е дека мерките се сосема доволни. Ги следиме случувањата во градовите, и ќе се донесат мерки и решенија ако е потребно, па дури и за некои одредени делови во државата“, рече Филипче.

Министерот изјави дека има случаи кога пациентите не се свесни дека можеби го прележале вирусот.

Поврзани вести

Ахмети: Одлука за датум за избори идната недела

По втор пат се ожени Мухамед Зекири, кум на свадбата премиерот Заев

Влатко Зорба

Иницијативата на СДСМ за повторно собирање на Парламентот потпишана од триесетина пратеници

Stefanija Kuzmanovska

Пуштен во употреба веб-сајт за пријава на прекршоци на работното место за текстилните работници

Никола Поповски

Директорот на „Михајло Пупин“: Некои ученици не ја сфатија сериозноста и пристапот на „on-line“ наставата

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Испишавме историја, седнавме на иста маса со лидерите на најмоќните земји

Александар Тодески