МАКЕДОНИЈА

Филипче: Приватните лаборатории да ги намалат цените на тестирањата за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче во Топ Тема апелираше приватните лаборатории да ги намалат цените на тестирањата за Ковид-19.

– Во оваа криза сметам дека не треба профит да гледаат. Нека излезат во пресрет и нека ги намалат цените на тестирањето. Соочени со овој голем притисок освен ова зголемување на нашите капацитети од близу 400 тестови ќе ја следиме ситуацијата и оваа недела и ако навистина се уште продолжи овој тренд, не повеќе од петок, сабота, тогаш дефинитивно Фондот ќе склучи договор и со дел од приватните лаборатории по таа референтна цена, едноставно да се зголеми бројот на термини и да се скрати времето на чекање, рече Филипче.

Поврзани вести

Сугарески: Работиме на огромен број на инфраструктурни проекти

СДСМ: Економските мерки на Владата предводена од СДСМ носат нова развојна економија

Костадинов: ВМРО ДПМНЕ и Јанушев не го почитувале Изборниот законик

Влатко Зорба

Во моментов во земјава се активни 4079 случаи на заразени со Ковид-19

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите

Средба на Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас

Никола Поповски