МАКЕДОНИЈА

Филипче: Пулмолози одат во Дебар на помош, четворица од новозаразените се здравствени работници

Имаме пет нови случаи, од кои четири се здравствени работници од Дебар, со што вкупната бројка во земјата изнесува 31 заразен, рече на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

„Позитивен е тестот и на сопругата на веќедијагностицираниот пациент кој го потврдивме, а кој се тестирал во Жан Митрев и таа ќе биде пренесена на Инфективната клиника. Дел од здравствените работници од Дебар се само носители, односно беа позитивни и веројатно ќе ја добијат болеста, а беа дел од пошироката проверка. Од утре на Клиниката во Дебар ќе бидат присутни и двајца доктори од клиниката за пулмологија за да го дополнат капацитетот и да помогнат на епидемиологот и тројца инфектолози во Дебар“, рече Филипче.

Тој упати порака до здравствените работници дека трудот и напорот кои го вложуваат се непроценливи, а на граѓаните им порача да останат дома.

„Целосно сме свесни дека здравствените работници се најекспонираните, но мораме да правиме се за да нив ги заштитиме затоа што мора да обезбедиме одржлив здравствен систем за сите. Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките на владата. Здравствените работници ни требаат сега, ни требаа порано, а ќе ни требаат и во иднина. Тие се жртвуваат, се едуцирале, за да помагаат на нашите сограѓани“, истакна министерот Филипче.

Поврзани вести

Ребрендиран скијачкиот центар Маврово

Влатко Зорба

Османи: Да се собереме и да го избереме првиот Албанец премиер, оваа можност не се пропушта

Во февруари ќе бидат исплатени 3,8 милиони евра од поврат на ДДВ

Влатко Зорба

Брнс во својата прва новогодишна честитка: Надеж за просперитетна Нова 2020

Стевановиќ: Голем број од смртните случаи многу доцна пристинале на Инфективната клиника

Филипче: Од една свадба со стотина гости имаме неколку заразени, се уште се прават анкетите