МАКЕДОНИЈА

Филипче разговараше со медицинските сестри кои си дадоа отказ од Инфективната Клиника

Министерот за здравство Венко Филипче утрово оствари средба со  колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника.

„Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници“, напиша Филипче.

Вчера беше објавено на социјалните мрежи дека биле поднесени три барања за отказ за прекинување на работниот однос на медицински сестри од Инфективната клиника во Скопје.Отказ даде главната сестра Зорица Љубичиќ Митиќ и уште две сестри, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа.

Поврзани вести

СДСМ: Мицкоски како најнеспособниот директор на ЕСМ ја укина евтината тарифа на струјата

Никола Поповски

Претрес во две куќи во Лојане и Ваксинце: Приведени 3 лица

Никола Поповски

Мицкоски го смени мислењето – И тој побара да се прогласи вонредна состојба

Манчевски: Европската комисија евидентира дека атмосферата во медиумите и администрацијата е променета –

Viktor Jovanov

Шекеринска: Домашна платежна картичка ќе добијат уште две нови категории на граѓани

Доктор Караџовски: Пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола