МАКЕДОНИЈА

Филипче: Се тестираат 14 медицински лица и 4 пациенти од скопскиот завод за рехабилитација

Првото заболено лице од Тетово две недели престојувало во Центарот за рехабилитација во Козле, соопшти министерот Филипче по новинарско прашање.

„Лицето престојувало од 9 до 23 март, по што било пуштено дома. Во текот на вчерашниот ден му било направено тестирање, по што се покажал како позитивен и бил упатен на Инфективната клиника. Поради неговата неподвижност, тој немал многу контакти додека престојувал во болницата во Козле. Земени се материјали за тестирање на 14 здравствени работници и 4 пациенти, па после резултатите ќе соопштиме каков пристап и мерки планираме со оваа болница“, изјави министерот.

Според него, пристапено е на семејството на пациентот од Тетово, односно на околу 10-тина членови.

„Сите луѓе се асимптоматски и ги чекаме резултатите од нивното тестирање“.

За Филипче, ограничувањето на движењето на граѓаните е досега најважната донесена мерка, која ќе даде резултати, посебно за викендов, кога и е најавен полицискиот час од 16 до 05 часот. Тој додаде и дека засега нема потреба од воведување на кризна состојба во Скопје, поради тоа што со мерките за движењето на граѓаните низ целата држава се опфаќа и тоа.

 

Поврзани вести

Љубомир Јовески на традиционална новогодишна средба со јавните обвинители

Државата ќе постапува по преостанатиот дел од забелешките на УНЕСКО

Stefanija Kuzmanovska

Дика: Општо познато е дека мојата сестра беше претседател на Меѓународниот сојуз

Stefanija Kuzmanovska

Неколку тони застарено ракетно гориво за градобијни ракети и друг експлозивен материјал изнесени од државава

Влатко Зорба

(ГАЛЕРИЈА) Мобилната болница кај Инфективна во функција до крајот на неделава

Влатко Зорба

Парична казна за штипјанец кој наместо во самоизолација отишол на гости

Берта Китинска