МАКЕДОНИЈА

Филипче: Следната недела ќе се донесе одлука за училиштата и градинките

Имаме два предизвици во периодот кој претстои, отворањето на училиштата и градинките и вториот момент кога времето нема да биде вака убаво, па луѓето ќе бидат во затворени простории, каде вирусот полесно може да се пренесе, рече министерот за здравство Венко Филипче во „Само вистина“.

– Одржавме неколку состаноци и со претставници од Министерството за образование и од Министерството за труд и социјална политика, со членовите на Комисијата за заразни болести. Различни се предизвиците во училиште, а други во градинка. Следната недела ќе се донесе одлука. Мора да имаме протоколи кои ќе бидат водич за спроведување на наставата. Помали групи во училиштата, како резултат на тоа повеќе смени и покус час. Што пократко време во затворен протсор. Доколку може и наставниците да бидат ограничени во контактите со групи деца кои ги учат. Ако е групата деца помала, а тој наставник заболи, сите од групата се во ризик. Мали групи, честа дезинфекција, сите со маски…, вели Филипче.

– Гледаме и учиме од примерите од некои земји кои почнаа со настава. Го разгледавме примерот од Израел…- додава Филипче.

Негова препорака е секој кој може да организира работа од дома тоа и да го направи. Посочи примери од цели компании кои на вработените им рекоа да останат дома и да работат од дома.

Поврзани вести

Судењето за организаторите за „крвавиот четврток“ почнува на 21 февруари

Влатко Зорба

Мицкоски: СОНК побара средба со мене, а потоа избега и не дојде

Влатко Зорба

Калајџиев: Немаме независно обвинителство, Јавниот обвинител игра по условите на политичката елита

Берта Китинска

„Пошта“ се извини за маркичката со картата на Голема Хрватска, ќе се поништат 6.000 примероци

Македонците меѓу првите ќе можат да одат на плажа во Грција

Паркингот на Водно во текот на овој викенд го искористиле 248 возила