МАКЕДОНИЈА

Филипче со нови мерки: Сите места каде има масовно собирање ќе работат до 18 часот, забрана за концерти, теретани, театри

На состанокот со Комисијата, разгледавме низа дополнителни мерки бидејќи се соочивме со ситуации кои произлегоа од досегашните мерки на владата. Имавме разговори и со колеги од Италија, кои укажаа дека во одредени делови во земјата, пред се во северните делови, каде започна епидемијата, дури после воведување на најригорозните мерки, повеќе нема регистрирано нови случаи, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

Тоа ни укажува дека треба да бидеме порадикални, а и како надополнување на мерките кои вчера беа прифатени, побарав да се свика уште една седница денеска за да ги разгледаме новите предлог мерки. Забрана за сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафулињата и рестораните да работат со скратено време, до 18 часот, а да се задржи дистанцата од метар и половина помеѓу луѓето кои се внатре. Се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција може да се одложи, ќе има само итни и неодложни интервенции. Ќе се продолжи терапијата на хорнични болести за луѓето кои до сега требаше да земаат од специјалист, да може да земаат рецепти од матичен лекар. Имаше разговори со МПЦ и ИВЗ за строго придржување до овие мерки“, рече Филипче.

Тој се заблагодари на Црвениот Крст, чии волонтери се присутни заедно со здравствените претставници. Посочи и дека на апликацијата „Мој Воздух“ ќе ги има сите информации поврзани со коронавирусот.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Груби: Ахмети ја смисли кампањата за премиер Албанец во 2009 година

Од 1 јануари 2021 година ќе се наплатуваат кесите во маркетите минимум по 10 денари

Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – ЕУ со препорака преговорите да почнат во март 2020

Влатко Зорба

МЗШВ: Интересот на граѓаните и на земјоделците е наш врвен приоритет

Никола Поповски

Истражување за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје, резултатите во ноември

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска и утре го реализира вториот уписен рок

Александар Петровски