МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите

Двеста и педест дополнителни термини за тестирање за Ковид-19 се пуштени и верувам дека со новите брзи тестови од 15 минути ќе се смени ситуацијата околу добивањето на резултатите од тестирањето, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– На почетокот на минатата недела увидовме дека практично сите термини во понеделникот за цела недела се пополнија за кратко време и се пуштија 250 дополнителни. Меѓутоа, јас верувам дека и со овие нови брзи тестови ситуацијата околу тестирањето ќе се смени и за многу кратко време пациентите ќе ги имаат резултатите. Тоа е нешто што е сега новина насекаде во Европа, ако е брз тестот од 15 минути на на лице место каде што се зема и си се добива резултатот, рече Филипче.

Тој посочи дека секогаш интервенираат со дополнителни термини таму каде што треба, но, понекогаш, како што рече и тие дополнителни термини можат да го одолговлекуваат времето на добивање на резултатот.

Поврзани вести

Скопје се сеќава: 57 години од катастрофалниот земјотрес

„Најдобро е пропустот за бегството на Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка“, вели Спасовски

Никола Поповски

ОЈО поднесе обвинение за Јово Вангеловски за злоупотреба на службена положба

Новогодишната ноќ без врнежи

Влада: Промената на цената на акцизата нема никаков негативен ефект врз транспортната дејност

Берта Китинска

Филипче: Кога би имал магично стапче би направил да исчезне коронавирусот (ВИДЕО)