МАКЕДОНИЈА

Филипче: Тестирани се над 1000 лица, двајца пациенти се ставени на новата терапија

Министерот Филипче изјави дека претпоставка е да има нови патишта на ширења на вирусот и потенцира дека се шири по капките или нечисти раце.

Според него, во тоа тек се дискусии и се разгледува дали ќе се намалуваат контактите преку викендот.

„Се уште не можеме да објавиме од кои општини во Скопје се заразените, но колегите во електронската база работат на тоа. Ќе објавиме скица на мапата, што се апдејтира секојдневно“, изјави Филипче на новинарско прашање.

Во врска со новата терапија тој кажа дека двајцата пациенти се ставени на неа и упати апел до луѓето да не ги купуваат лековите по аптеките.

„Апел до сите граѓани да не ја земаат самостојно новата терапија. Таа ќе им се дава во болнички услови на дел од пациентите, а за тие што се во домашна изолација ќе се обезбеди превоз до болницата“.

Во однос на бројката на тестови, Филипче кажа дека тестирани се над 100 лица и дека имаат сосема доволен број, во однос на резервите.

Поврзани вести

СДСМ: Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието

Никола Поповски

Шест лица од Дебар и еден странец се тестираат за коронавирус

Влатко Зорба

Стаменковска – Стојковски побара неотповиклива оставка од директорката на Централен регистар

Stefanija Kuzmanovska

До 31 декември 17.000 земјоделци ќе добијат вкупно 80 милиони денари поврат на персоналниот данок

Ивана Рамаданова

Монтажните шатори во Клинички се размонтирани заради ризик од уништување

Пратеници сакаат да интервенираат со два амандмани во Законот за ЈО

Александар Тодески