МАКЕДОНИЈА

Филипче за 1 Мај: Како ќе биде организиран следниот викенд зависи од граѓаните

Во однос на 1 Мај, кој ќе биде уште еден неработен ден и викендот кој следи после него, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од граѓаните ќе зависи како ќе биде организиран следниот викенд.

„Во однос на празникот кој што доаѓа и уште еден неработен ден. Значи, видовме слики од овие изминати денови, видовме дека има број на граѓани коишто навистина ги почитуваат мерките. Меѓутоа, исто така видовме и дека има голем број на граѓани коишто овие мерки не ги почитуваат. Сакам јасно да кажам дека мерката на разлабавување на полицискиот час – повеќе часови слободни на движење ние ја носиме заедно во пакет со задолжителното носење на маски и само така ќе има ефект и само така ќе има резултат. Ќе анализираме овие денови. Ние веќе утре ќе побараме од Владата казнување да почне порано уште на почеток на неделава, не од 1-ви мај како што иницијално наведовме. Зашто? Заради тоа што навистина се плашиме дека може да има несакан ефект сето тоа ако не се почитуваат мерките во таа насока. Ќе анализираме какво ќе биде однесувањето на граѓаните деновиве, дали се почитуваат тие мерки за задолжителна дистанца, носење на маските кога не може да се одржи и врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд“, рече Филипче.

Поврзани вести

Заев во ноември на средба со Борисов

Александар Петровски

Пендаровски: Барањето за вонредна состојба ќе биде доставено кај мене ако не се состане Собранието

Оваа година бесплатни вакцини против грип за најранливите категории

Бројката на позитивни на КОВИД-19 се искачи на 828 лица

Влатко Зорба

Богоев донираше крв во хуманитарна акција организирана од општина Карпош

Сасоли: ЕУ има потреба да работи заедно со Северна Македонија

Влатко Зорба