МАКЕДОНИЈА

„Finance think“: Зајакнување на правото, подобрување на образованието и здравството најважни за граѓаните

Зајакнување на владеење на правото, подобрување на квалитетот на наставата на сите нивоа на образование, подобар квалитет на здравствените услуги и задржување на лекарите во јавното здравство, се трите најважни приоритети на кои треба да биде фокусот на изборните програми на политичките партии на претстојните парламентарни избори 2020 година. Ова се резултатите од интернет анкетата што ја спроведе Институтот за економски политики и истражување „Finance think“.

Истражувањето покажало дека граѓаните одговарајќи на истото прашање, помалку важни им се повисоки субвенции, пензии и социјалната помош.

Според граѓаните, на четврто место се наоѓаат повисоките плати, како услов за повисок стандард и подобар живот, а според нивните одговори важни се и спречувањето одлив наа квалитетен кадар како и отворањето нови работни места.

Институтот за економски политики и истражување „Finance think“ интерент анкетата ја споведе овој месец. Во неа беа опфатени 589 испитаници, со вкупно 1760 одговори. Маргина на грешка според „Finance think“ e 2.12 отсто.

Поврзани вести

Протест пред Собрание за стопирање на увозот на опасен отпад

Влатко Зорба

Најдени се контактите на заболениот со коронавирус од МВР, дел се во изолација, дел на тестирање

На собраниска седница продолжувањето на кризната состојба заради мигрантите

Заев: Дадов овластување на министерот Бектеши за еднострано раскинување на договорите и за затворање на каменоломите во Лабуништа

Започнува постапката за изработка на нов ГУП на Град Скопје за 2022-2032

Влатко Зорба

Полицијата вчера носела осуденик за „Диво Насеље“ на преглед на Клиника

Александар Тодески