МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Владата ги спроведе мерките за заштита од коронавирусот и во прес центарот

Откако Министерот за здравство, Венко Филипче утрово препорача нови мерки против коронавирусот, владата истите одлучи да ги имплементира и во владиниот прес центар за новинарите.

Столиците наменети за новинарите во прес центарот беа наместени на метро и половина раздалеченост помеѓу новинарите, а микрофонот кој обично членовите на ПР службата на влада го даваат од рака на рака на микрофоните, овој пат го држеа тие.

На влезот во прес центарот на владата исто така има средство за дезинфекција, до кое стои лист на кој пишува дека треба да се користи средството од страна на оние кои влегуваат и излегуваат од владината зграда.

Мерките кои денеска ги предложи Филипче ќе бидат ставени на владина седница, а беа и дел од разговорите на политичките партии кои денеска имаа средба со премиерот Оливер Спасовски и министрите.

А.Т.

Фото: Стандард.мк

 

Поврзани вести

Двајца мажи се потешко повредени откако со возило излетале од коловозот пред новиот мост на реката Брегалница во Штип

Александар Петровски

Пет илјади македонски граѓани побарале помош да се вратат во државава

Влатко Зорба

Тимоние: Новогодишна желба ми е датум за ЕУ(ВИДЕО)

Никола Поповски

Брнс им ја нагласи важноста на законот за ЈО на независните пратеници

Берта Китинска

Прифатен приговорот на Атанасов, за ректор на УКИМ седум кандидати

Влатко Зорба

Зеќири: Заев ќе се врати на премиерското столче после 12 април

Viktor Jovanov