МАКЕДОНИЈА

ФРОДЕМ: Целта е демократизација на ВМРО-ДПМНЕ и обединување на десницата

Претседателот на партијата ФРОДЕМ Љупчо Алексовски, на денешната дебата во емисијата Топ Тема изјави дека партијата ќе излезе на предвремените парламентарни изобори на пролет со истата цел, а тоа е демократизација на македонската десница и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како ФРОДЕМ бевме првите во најголемата сила на Груевизмот кои собравме храброст да се спротиставиме на тој режим се со цел да се демократизира ВМРО-ДПМНЕ и десницата да добие заеднички дух каде може да настапи како обединета десница на изборите. Нема да се откажеме од борбата за демократизација на ВМРО и општеството. На овие избори ќе настапиме со истата идеја, вели Алексовски.

Првиот човек на ФРОДЕМ, вели дека во партијата се уште немаат одлучено дали ќе одат сами на избори или ќе поддржат одредена коалиција.

-Времето за нас не е проблем во однос на тоа дали ќе одиме сами или во коалиција на изборите. Во самото членство кај нас имаме членови кои го сакаат и едното и другото. ФРОДЕМ ќе настапи на изборите, одлуката ќе се донесе во наредните 2 недели. Идејата е обединување на сите македонски сили кои ги застапуваат народните интереси за правење на македонска држава која ќе има релевантни институции, вели Алексовски.

Тој смета дека засега нема потреба од промена на актуелниот изборен модел токму поради лакомоста на малите партии и потребата за обединување на истите.

-Со приказните за една изборна единица гледаме дека е фарса помеѓу двете најголеми партии. Ние сепак ќе настапиме на изборите и сметаме дека тој модел е добар во однос на лакомоста на малите партиите и ќе биде нужен за да дојде до обединување со што ќе дојде до израз потребата на народот, вели Алексовски.

Поврзани вести

Шекеринска: Градиме нова развојна македонска економија

Собранието ќе ја одржи 12. седница, на дневен ред се измените на законите за основно и за средно образование

Александар Петровски

Министерот Спасовски оствари средба со грчкиот амбасадор Јанакакис

Обраќање на претседателот Пендаровски на приемот за претставниците на дипломатскиот кор

Никола Поповски

Шахпаска на средба со здруженија на лица со попреченост се заложила за реализација на нивните барања

Ивановска: Заев ќе одлучи за случајот со вицепремиерот Анѓушев

Влатко Зорба