МАКЕДОНИЈА

ФЗОМ: Тестовите за коронавирус чинат од 1.100 до 5.500 денари

Фондот за здравствено осигурување денеска појасни како се формирани цените за еден тест за коронавирус, кој е на товар на државата.

Од таму соопштија дека цените на тестовите се движат од 1.100 до 5.500 денари и дека во цената се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги.

„Во врска со информациите кои кружат по порталите и социјалните мрежи, во однос на здравствените услуги и референтните цени на Фондот за здравствено осигурување, би сакале да Ве известиме за следното:

1. Во лабораториската дејност постојат повеќе различни техники за детекција на инфективни причинители како на пример:

– серолошки испитувања при кои се детектираат антитела кон причинителот на инфекцијата

– молекуларни испитувања при кои се детектира присуството на самиот причините во овој случај вирусот

2. Соодветно на погоре наведеното и Фондот има формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката која се користи во здравствените установи кои имаат договор со фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот Covid-19

– лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители (ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ) со референтна цена од 1.100 денари.

– лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката (Полимеразно верижна реакција- PCR и Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат.

Постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари.

3. Во сумата на референтите цени се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги, како што се труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг материјал (тука влегуваат однапред спремени китови за детекција), трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци. При некои техники се користат само однапред спремени китови, а во други техники и покрај користењето на китови, потребни се други дополнителни активности за припрема за изведување на тестот. Сите тие си носат соодветни трошоци.

4. Сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација. Сите наведени цени се објавени во Службен весник бр.18 од 01.02.2013, а се во употреба од 09.02.2013.

5. Здравствените установи се одговорни при фактурирање до Фондот да ја избираат соодветната шифра, односно здравствена услуга со референтна цена во зависност од извршената услуга“, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Семејството на починатиот кој бил заразен со коронавирус, одбивало комуникација со епидемиолозите

Берта Китинска

Филипче: Нема полициски час, огромен е притисокот вез здравствените работници

Попова: СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции

Никола Поповски

Спасовски: Работниците да не потпишуваат спогодбени договори државата ќе им помагне

Берта Китинска

Одбрани 11 решенија за прототип на #ВелоПаркинг

Нуредини: Осогово стана заштитен предел, следни на ред се Водно, Студенчишко Блато и Охридското Eзеро

Никола Поповски