МАКЕДОНИЈА

„Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на КОВИД 19

Фабриката „Гентерм“ во индустриската зона во Прилеп од денеска се затвора за да биде извршена дезинфекција откако вработен бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на КОВИД-19, соопштија од компанијата.

– Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за КОВИД-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и во транспортот со вработениот се идентификувани и се испратени дома во самоизолација во наредните 14 дена, информираат од фабриката, нагласувајќи дека приоритет се здравјето и безбедноста на вработените.

Од компанијата соопштуваат дека интензивно соработуваат со локалните здравствени и епидемиолошки институции и ги следи сите препораки на Светската здравствена организација за заштита од зараза со коронавирусот.

Поврзани вести

ЕСМ: Прекината е праксата да се увезува скапа струја што ја практикуваше лидерот на опозициската партија

Истражување на НВО: Инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците

Се подготвува „Винтерленд 2020“ на плоштадот „Македонија“

Александар Тодески

Маричиќ: Вистински патриотизам е да седиме на масата на НАТО и да преговараме со Европската Унија

Претседателот на Уставниот суд Мурати се сретна со американската амбасадорка Брнс

Кирацовски: До сега одговарале само Соња Николовска од ТАТ и човекот со ќебапите