МАКЕДОНИЈА

Го стопираше сообраќајот и сред бел ден си украде бекатон плочки (ВИДЕО)

Во населбата Сењак, во делот каде населбата од булеварот се поврзува со новиот челичен мост на Брегалница, денеска граѓаните беа сведоци на несекојдневна случка.

На поминување по булеварот слушател на Канал 77 забележал човек, кој ги вади свежо поставените бекатон плочки и си ги става во багажникот на возилото.

Другите возила го одминуваат, но, никој не реагира. Дури во еден момент го закочува сообраќајот, па другите возила мора да подзастанат за да се разминат со тие што доаѓаат од спротивната страна.

Откако го наполни багажникот, човекот влезе во возилото, седна на совозачкото место и си замина. Сепак, регистрацијата на возилото останува забележана на видеото, во очекување на реакција од институциите.

Поврзани вести

Со пари од Програмата за рурален развој, граѓаните од Општина Чашка првпат добиваат асфалтирани улици

Џафери оствари средба со претставници на Вестминстер фондацијата за демократија и амбасадорката Галовеј

Берта Китинска

Град Скопје: Со два милиони денари ќе го субвенционира чистењето оџаци во 2020 година

Ивана Рамаданова

Со посебни протоколи ќе се прослави празникот Успение на пресвета Богородиц на Матка

Берта Китинска

Техничката влада ќе профункционира на 3-ти јануари – ВМРО ДПМНЕ ќе ги превземе МВР и социјала

Maja_Serafimova

Се уште нема одлука за стартот на учебната година – повторно одложен состанокот

Берта Китинска