МАКЕДОНИЈА

Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст во Тетово

Триесет и деветгодишниот Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст на празнувањето на денешниот празник Богојавление Водици во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. По осветениот крст освен Горан во црковниот базен скокаа и Бојан Апосотоловски и Васко Апостоловски.

-За прв пат скокам по крстот и оваа година јас го фатив. Очекувам, радост , среќа, здравје и победа, изјави Јосифовски, оженет и татко на две деца.

Од црковниот одбор Јосифовски доби телевизор, икона и примерок на Светото писмо. Претходно празнична архиерејска литургија отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во дворот изврши чин на водосвет и спуштање на осветениот крст.

На празнувањето во Тетово присуствуваа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и пратеникот Владимир Ѓорчев.

Поврзани вести

Димитров: Договорот од Преспа е дел од нашиот систем, мора да се почитува

Тројца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење

Кривична против две фирми и нивниот управител од Велес кои затаиле 6,7 милиони денари

Продолжуваат турканиците пред банките: Возрасните стравуваат дека нема да успеат да ги завршат обврските

Берта Китинска

Претседателот Пендаровски телефонски разговараше со папата Франциск

Стоматолозите бараат информации за заболени од Ковид 19 за да се заштитат

Берта Китинска