МАКЕДОНИЈА

Ѓорчев, Шахпаска и Исмаили на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ

Пратениците Владимир Ѓорчев, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на ОБСЕ денеска и утре во Виена ќе учествуваат на зимската сесија на ПС.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за решавање на долготрајните конфликти: алатки и механизми на ОБСЕ (прва комисија), Безбедносните последици од климатските промени и улогата на парламентарците (втора комисија), Мултилатерализам во акција: Меѓународна соработка за човекови права (трета комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 3 до 7 јули 2020 година во Ванкувер, Канада.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обратат Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Австрија, Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ, Еди Рама, претседавач на ОБСЕ и премиер и министер за надворешни работи на Албанија и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ.

Поврзани вести

Коалиција Маргини: МОН мора итно да спроведе целосна ревизија на наставнитепрограми и учебници

Началникот на генералштабот на Армијата во посета на Врховната команда на НАТО во Брисел

Млада скопјанка го победи коронавирусот и донираше крвна плазма за третман на заболени

Мицкоски ниту вчера не сакаше да се дистанцира од Груевски

Александар Тодески

Шкријељ со фотографија ја демантираше Мизрахи дека имало само една табла во МТСП

Александар Тодески

Зеќири: Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ вршеа притисок да не се гласа за законот за ЈО

Берта Китинска