МАКЕДОНИЈА Политика

Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешното заседавање на партијата го избрало Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар.

„Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.

Поврзани вести

Продолжува нестабилното време

Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од една изборна единица

Viktor Jovanov

Негативни на Ковид-19 сопатниците на првозаболената од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Деркоски: Сите гласачки места ќе бидат во доволна квадратура за да може безбедно да се гласа

Влатко Зорба

Филипче: Околу пет нови починати пациенти во последните 24 часа

Никола Поповски

Дедо Мраз пристигна на плоштад „Македонија“ со тротинет