МАКЕДОНИЈА

Горјан Тозија ќе си поднесе оставка

Горjан Тозија, директорот на агенција за филм ќе поднесе оставка, велатизвори на Локално.

Ова доаѓа по навредливите изјави за Република Хрватска, кој Тозија ги објавуваше на социјалните мрежи.

По тој повод реагираше и хрватското министерство  со соопштение во кое се вели дека за ова амбасадорката на Хрватска во Македонија веќе им укажа на претставници на македонската влада на неприфатливите изјави на Тозија.

„Во телефонски разговор, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ му укажа на колегата Никола Димитров на овие неприфатливи изјави. Димитров се огради од индивидуалните изјави, кои, како што рече, не ја отсликуваат надворешната политика на Северна Македонија.

Соговорниците се согласиле дека овие изјави на Тозија не ја одразуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи на двете држави. Побарано е јавно извинување од Тозија заради недозволивите објави, кои несомнено заслужуваат секаква осуда“, се вели во соопштението на МНР на Хрватска.

Претходно со отворено писмо поддршка на Тозија му даде познатиот актер Раде Шербеџија.

 

 

 

 

Поврзани вести

Жител на Сарај се обидел да го убиел својот брат за време на новогодишната ноќ

Никола Поповски

Спасовски – Шуц: Силна поддршка од Германија за европските перспективи на земјава

Прегазен пешак во Скопје

Никола Поповски

Негативен тестот за коронавирус кај пациентката која се јавила утринава на Инфективна

Џафери-Бенгтсон: С. Македонија и Шведска ќе продолжат да ги развиваат и унапредуваат меѓусебните односи

Александар Петровски

Мираковска: ВМРО-ДПМНЕ сакаше СЈО да згасне

Viktor Jovanov