МАКЕДОНИЈА Скопје

Градот Скопје набави опрема за справување со шумски пожари на Водно, Сарај и Матка

Градот Скопје со набавка на опрема за справување со шумски пожари го подига нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка, информираат од градот.

Опремата која се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили ќе бидат во функција на сите единици на Противпожарната бригада на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило со цел да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата.

Планината Водно и Кањонот Матка заради своите природни вредности се прогласени за заштитени подрачја и се атрактивни  туристички  дестинации во Скопје.

Активностите за подигнување на нивото за заштита од шумски пожари, Градот Скопје ги реализира во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, кој е финансиран од Европската Унија,  а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поврзани вести

Дерковски: Немам вмровски позиции за датумот за избори

„Рекет“: Утре ќе биде објавена пресудата во големата сала на Врховен суд

Берта Китинска

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерот Венко Филипче

Заев: Европската делегација не одобри ветинг на правосудството

Заев: Не може повеќе да продаваат лажен патриотизам од опозицијата

Општина Карпош започнува со секојдневно миење на улиците

Берта Китинска