МАКЕДОНИЈА

Граѓаните го почитуваат карантинот: Во Дебар уште осум лица во самоизолација

Во општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места и нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, во Дебар се евидентирани осум нови лица во самоизолација, а врз сите што се во самоизолација се извршени 68 контроли.

-Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, наведува МВР.

Министерството потсетува дека сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

-Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, потенцира МВР и апелира, граѓаните строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана за движење на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и за време на викедот, од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

-Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, подвлекува МВР

Поврзани вести

Филипче: Од 8-те случаи се влоши состојбата на првата пациентка од Дебар,15-годишно момче меѓу четворицата нови пациенти

МТСП: Светска банка ја препозна социјалната реформа како позитивен пример во регионот

Ивана Рамаданова

Темелковски: Од претходно знаевме колку токсични материи има во Охис, инициравме чистење

Гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково

Stefanija Kuzmanovska

Шилегов: Проценката на менаџментот на Комунална хигиена беше погрешна, нема да се повтори

Османи: Да се однесуваме сите како да сме позитивни, и како секој околу нас да е позитивен